Map Graph

Градиште (Љубаништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Градиште - Вилиците — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува утврдена населбаи од хеленистичко време. Во непосредната близина на македонско-албанската граница, на околу 3 км јужно од селото и 1 км од караулата на АРМ, на падините на планината Галичица се издига висок рид на кој има остатоци од утврдена населба. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и многуброен градежен материјал.

Read article